Лисабон е навистина интересен и убав град, тука позади секое ќоше ќе пронајдете нешто интересно што ќе го задржи вашето внимание, па затоа во прилог мал водич за вашата прошетка низ Лисабон.
Што да посетите:
1. Црквата Igreja do Carmo – поради рушевините кои ќе ве остават без зборови
2. Населбата Баиро Алто – поради големиот избор на локали и барови каде што ќе уживате во добриот ноќен живот
3. Културниот центар во Белем – поради колекцијата на модерна уметност и убавата градба
4. Статуата на Исус – поради преубавата панорамска глеткa
5. Белем – поради кулата Белем, манастирот и секако вкуцниот пастеис
6. Замокот на Sao Jorge – поради прекрасната панорама на градот
7. Населбата Алфама – поради тоа што е најстарата населбаво Лисабон, и тука ќе го почуствувате вистинскиот дух на Лисабон и ќе уживате во разнобојната архитектура и уметност, а до таму ќе се возите со фамозниот и најстариот трамвај Electrico 28
Што да јадете и пиете
1. Pasteis de nata – пастеис е еден вид на колаче, направено на база на јајца, лиснато тесто и шеќер
2. Bacalhau – специјалитет на база на сушена и солена риба
3. Caldo verde – супа на база на зелка и лут колбас
4. Pão com Chouriço – сендвич со лут колбас
5. Vinho verde – типично вино од Португалија
6. Cerveja Sagres – локално пиво
7. Ginjinha – силен сладок ликер од цреша
Каде да се релаксирате
1. Градината Estrela
2. Рушевините на Almada
3. Ботаничката градина
4. Видиковец Santa Catarina
5. Видиковец Senhora do Monte
Каде да одите на плажа
1. Costa da Caparica – добра плажа за сурфање и млади луѓе
2. Carcavelos – доколку сакате да останете блиску до градот
3. Praia Guincho – добри бранови за љубителите на сурфањето
Каде да спиете
1. Shiado Hostel