Риад ДАР РИТА се наоѓа во Оурзазате и е сместен во една мала интересна населба Tassoumat каде што навистина може да го осетите локалниот живот. Децата си играат на улица до касно навечер, сосетките си муабетат, повозрасните си седат пред локалните дуќанчиња, занаетчиите си работат, точаци и играчки расфрлани и оставени на сред улица и никој ниту ги краде ниту ги пипка, безбедно да се движите и касно навечер, ова е маалото во кое што се наоѓа хотелот Дар Рита и токму поради тоа топло ви го препорачувам.

Сопствениците на риадот се од Португалија, Рита и Жоао, брат и сестра кои што веќе долги години живеат во Мароко, особено Жоао кој што од своја 18 година почнал да патува во Мароко и денес нема место во кое не го познаваат. Токму тие се едни од главните организатори на патувања за Португалци кои сакаат да го посетат Мароко. Само што влеговме во хотелот, не пречека едно момче со широка насмевка, Азис, тој работи подолго време во хотелот, не понуди со чај и ни ја покажа собата. Собата беше традиционално уредена, климатизирана и што е најбитно чиста. Целиот хотел беше уреден со уникатни и внимателно бирани предмети.  На покривот има и тераса исто така уредена во традиционален марокански стил.

Сопственичката Рита ни раскажа дека риадот постои веќе 5 години и упорно работат на тоа да направат туристите да се чуствуваат како дома и им стојат на располагање буквално за се од информација до организација. Риадот има 7 еднособни, двособни и фамилијарни соби. Во цената е вклучен и богат доручек. Тимот ви нуди и неколку видови на организирани тури меѓу кои: приватни тури, стандардни тури, групни 9 дневни тури  со Joao Cajuda (познат португалски travel blogger), групни 9 дневни историски тури со Susanna и 9 дневни low cost тури (350 евра)

Навистина топло ви го препорачувам овој риад, супер позиција, супер цена и супер домаќини!

www.darrita.com

FB – Dar Rita