Колку пати сте помислиле како да отпатувате на некоја далечна или блиска дестинација но сте биле спречени поради скапите авионски карти, скапото сместување и ред други работи. Во продолжение ќе ви дадам неколку совети за економични патувања. Oва е мое лично искуство и со сигурност гарантирам дека функционираат, бидејќи се испробани
1.Доколку сакате да патувате на подалечни дестинации, купете авионски билети сами преку интернет неколку месеци однапред. Исто така може да симнете некоколку апликации кои што цело време ќе ве известуваат за одредени понуди и промоции, некогаш се наоѓаат карти за само 200/300 евра за до Америка или некоја подалечна дестинација. Ви ја препорачувам апликацијата Holiday Pirates.
- Доколку патувате во една држава и сакате подобро да ја истражите може да побарате некоја понуда на попуст на страна како Grouper, во многу држави каде што сум била имало секогаш интересни понуди на нивниот локален Grouper.
- Ако сакате да останете подолго во некоја земја, никако не се сместувајте во хотел, побарајте стан или соба преку некој локален сајт за издавање на станови и соби.
- Доколку сакате да патувате подолго а не сакате да платите сместување, може да најдете part time работа во хостел, ресторан, школо, а за возврат да добиете бесплатно спиење и јадење, на пример веб страната http://www.workaway.info
- Друг начин на заштедување на пари за сместување и во исто време начин за запознавање локални луѓе, култура и традиција е веб странатаhttp://www.couchsurfing.org, тука може да запознаете пријатели од целиот свет и воедно сегде да имате локален водич кој ќе ви помогне да видите места недостапни за обичните туристи.
- Храна – купувајте во супер маркети и на локални пазари, не мора секогаш да јадете во ресторани.
- Патувајте со автобус, во некои делови од светот е многу поевтино да патувате со автобус отколку со било кое друго превозно средство, на пример во Јужна Америка, дестинации далечни и по 10/12 часа автобускиот билет чини околу 1000 денари.
- Друг начин на патување без трошење многу пари на превоз еcar sharing, односно патување со автомобил и споделување на трошоци со останати луѓе, во Европа доста добро функционира http://www.blablacar.com
- За патување низ Европа постојат неколку евтини автобуски компании, понекогаш се наоѓаат карти и за 1 до 2 евра од Милано до Париз на пример. http://www.megabus.com
- И за крај обидете се да заштедите на кафе, цигари и облека и за возврат ќе имате неколку кафиња покрај некоја убава плажа, планина или пустина