Маракеш – уметност помеѓу градини, палати и хаос, ова за мене би бил описот во една реченица за еден од најхаотичните градови во Мароко. Во прилог неколку основни корисни совети за вашето патување во Мароко.

КАКО ДА СТИГНЕТЕ

Маракеш е добро поврзан со повеќе градови во Мароко, има железница и автобуски превоз. На пример автобусот од Оурзазате до Маракеш чини 85 дихрами, има повеќе автобуси во текот на денот, ние го фативме автобусот во 23.30 и стигнува во Маракеш во 3.40 наутро. Од Фез и од Казабланка има и воз. Исто така аеродромот на Маракеш е поврзан со многу европски градови.

Многу е битно да знаете дека таксито во Мароко има денска и ноќна тарифа, ноќната е малце поскапа но сепак и за неа треба добро да се ценкате. Маракеш е огромен град, премногу хаотичен и некако најполн со туристи од сите места кои што ги имавме посетено претходно, можеби баш и поради тоа не ни остави некој голем впечаток, Местата се некако раштркани а и скоро сегде се наплаќа влезница. Сепак покрај хаосот по улиците, пазарите и главниот плоштад, убавата страна на Маракеш се безбројните градини и паркови и преубавите риади со базени кои нудат врвно уживање.

ШТО ДА ПОСЕТИТЕ

  • Bahia palace20 дихрами влезница
Маракеш
Bahia Palace
  • El Badi Palace – во моментот се реновираше и не успеавме да влеземе
  • Royal Palace – цел комплекс на палати, но неможе да се влезе внатре
  • Плоштадот  Jemaa el Fnaa најфреквентниот плоштад во Африка
Маракеш
Плоштад Jemaa el Fnaa

  • Souk – разни видови на зачини, и традиционални предмети
  • Kasbah
  • Jardim Majorelle – градината во која има растенија дури од пет континенти, влезница 70 дихрами

Маракеш

 

ШТО ДА ЈАДЕТЕ

  • Chebakia – пржено тесто потопено во мед и сусам

Маракеш

 

ШТО ДА СИ КУПИТЕ

  • кожна ташна, јакна, каиш – мора да се ценкате затоа што цените се тродупли од нормалните
  • зачини
  • ќерамичи чинии, украси
  • шарени ќилимчиња
  • интересни ламби
  • масло од арган

 

 

КАДЕ ДА СПИЕТЕ

Маракеш навистина изоболува со прекрасни Риади (хотели). Мој совет е да изберете некој помал и поинтимен риад. Скоро во секој риад внатре има мали базени и фонтани. 

Маракеш
Риад