На само час и половина од италијанската престолнина на модата Милано, пристигнувате во Торино, главниот град на регионот Пиемонте и воедно првиот главен град на Италија. Торино е град кој во исто време изгледа сериозен и разигран, строг и отмен, интелектуален и ексцентричен, магичен и полн со верба.

Панорамски поглед на Торино, од црквата Monte dei Cappuccini

За многумина Торино е само индустриски град, еден од многуте во Италија. Но доколку го посетите ќе сфатите дека Торино е метропола која ќе ги задоволи дури и најпребирливите вкусови, било да се работи за образование, култура, спорт и забава.

Со самото пристигнување во Торино, ќе ве пречека мирисот на италијанското кафе и преубавиот сладолед, овој мирис ќе ве следи насекаде во градот, започнувајќи од Piazza Castello, кој е главниот плоштад на Торино од каде поаѓаат и трите најпосетени шопинг улици и шеталишта. На плоштадот Castello се наоѓа и Кралската Палата(Palazzo Reale), некогашна палата на кралското семејство Савоја. Овој плоштад е домаќин на многубројни манифестации и концерти кои што се одржуваат во Торино, интересно нешти за овој плоштад е што пред влезот на кралската палата се наоѓа најпозитивната точка во градот, и се верува дека доколку застанете на тоа место ќе ве прати среќа.

Piazza Castello

Во Торино се наоѓа и една од најдолгите шопинг улици во Европа, Via Garibaldi, тука ќе најдете продавници за сечиј вкус, и се разбира помеѓу секоја продавница по една слаткарница или бар каде што може да седнете и да уживате со едно капучино или сладолед. Доколку сакате да зачекорите во светот на најновите модни колекции на најпознатите светски брендови тука е via Roma, каде што ќе ве придружуваат и уличните музичари кои што со својата гитара или саксафон ќе придонесат навистина да се почуствувате дека сте во Италија. Задолжително за сите оние што ќе дојдат во Торино е да го пробаат сладоледот од Fiorio, најстарата слаткарница во Торино и секако да го посетите Bicerin, барот во кој што се родил истоимениот пијалок. Bicerin е типичен пијалок од Piemonte, бо буквален превод значи мала чашка, пијалокот се состои од кафе, чоколадо(подготвено според таен рецепт) и млеко, и само во овој бар се служи во мали чоколадни чашки. Во последните години на пазарот се појавил и ликер кој го носи истото име и покрај тоа што ги нема истите состојки.

Сладолед од најпознатат слаткарница Fiorio
Al Bicerin

 

За љубителите на добрата храна и ноќниот живот, овој град има да понуди многу. Се започнува околу 19 часпт со италијанскиот ритуал “aperitivo”, во речиси сите барови за цена малку повисока од вообичаената добивате пијалок и плус шведска маса, каде може да јадете колку ви душа сака. А потоа забавата се сели во некоја од многуте дискотеки, сепак синоним за ноќен живот во Торино претставува плоштадот Vitorio Veneto, и населбите како San Salvario и Vanchiglia, а некогашен синоним за ноќен живот беше и брегот на реката По – Murazzi . Река од луѓе, млади, стари, италијанци и странци, од латино музика до рок свирки, а работното време – изгрејсонце.

Плоштад Vittorio Veneto

Mole Antonelliana, симболот препознатлив за Торино, првичната намена на оваа кула била синагога но пореди големи трошоци била препуштена на градот Торино и така постанала она што е денес. А денес токму тука може да се искачите до врвот од каде што се гледа целиот град, но и тука кружи една легенда, а тоа е дека доколку сеуште сте студент а се качите на врвот на кулата нема да димпломирате. Во оваа кула е сместе и музејот на киното, доволен е еден ден за да го разгледате и да се изгубите во лавиринтот на безбројте собички во кои се сместени разни филмски сцени, да се прошетата низ историјата на филмот од оние најстарите па се до најновите и воедно ќе имате можност и самите да снимите кратка сцена во акционен филм и да се најдете за момент на филмското платно. Ова е музеј кој што вреди да се посети, дури и оние кои што не ги сакаат музеите, ова е место каде што секој ќе се забавува на свој начин и истовремено ќе научи нешто. Секоја година во месец ноември Торино е домаќин на филмскиот фестивал Торино филм фестивал.

Mузеј на киното
Mole Antoneliana

Торино преку целата година нуди безброј настани, манифестации, концерти. Повеќе од 10 годино во јуни месец во Торино се одржуваат МТВ денови, три дена на италијанска и интернационална музика, во сите видови и форми, три дена концерти, дј сетови, врвни музичари и бендови. А пак во месец септември уште една музичка манифестација, МИТО (Милано – Торино), интернационален фестивал кој што три недели ги обединува овие два града, програмата на овој фестивал успева да ги задоволи и најпребирливите вкусови од класична до современа музика, од џез до рок, од поп до етно музика. Голем дел од концертите се бесплатни, а оние за кои што е потребен билет, цената е пристапна за сечиј џеб.

Уметнички светилки

12 години по ред во ноември Торино се претвара во град од бајките, сето ова благодарение на проектот “Уметнички светилки”, во пресрет на божиќните празници, уметниците имаат можност да ги претстават своите светлосни дела на некоја од улиците и плоштадите во Торино, па така секоја уличка е осветлена со разни светилки, особено е интересна улицата каде што светилките се во форма на букви кои формираат реченици и раскажуваат една бајка. Исто така во периодот пред Божиќ во околината на Торино секоја година се одржуваат божиќните пазари, каде што се е во знакот на Божиќ.

Доказ дека во секое време од годината се случува нешто во овој град се и деновите на чоколадото, кои што се одржуваат при крај на февруари и почеток на март, под името CioccolaTò, дегустација, рецептти, готвачо кои пред вас прават чоколадни чуда, ова е само дел од целото случување. Но изгледа на сите овие манифестации им нема крај.

Италија од чоколадо, Фестивал на чоколадото

Салон на вкусовите организиран од страна на “Terra Madre”, настан кој што се одржува на секои две години и трае четири дена, спој на храна и традиција. Изгледа како сиот свет да се собрал на едно место, секоја држава со свој штанд и воедно и можност да ја претстави сопствената култура и традиција преку нивните јадења и производи.

И за крај, посетата на Торино е незаборавно искуство, затоа што на едно место ќе откриете благородни домови, уникатни музеи и споменици, скриени ќошиња, ќе вкусите типични производи и истовремено ќе се воодушевувате на прекрасните пејсажи, откривајќи го сиот вкус, историја и традиција на регионот Пиемонте.