1. Lucca

Лука е познат и како градот на 100те цркви. Познат по своите ѕидини совршено сочувани до денес. Шетајќи низ историскиот дел на градот може да уживате низ црквите, ренесансните згради, амфитеатарот и многубројните барчиња и ресторанчиња.

Lucca
photo credits: Google images

Lucca

Тоскана2. Val d’Orcia

Станува збор за живописен регион во кој се наоѓаат повеќе селца и прекрасни местенца. Целата таа зона е заштитена како национален парк, во кој се наоѓаат многу замоци и куќи од средниот век и ренесансата. Тука ќе го почуствувате вистинскиот дух на Тоскана, ќе се најдете пред ридови со улички полни со чемпреси и таму некаде на крајот на уличката некоја црква или куќича. Хармонијата на пејзажот е вистински спектакл за вашите очи и душа.

Val d'Orcia

Val d'Orcia

3. San Gimignano

Познат како “Градот на кулите”, Сан Џимињано се наоѓа на половина пат помеѓу Сиена и Фиренца. Благодарение на камените кули кои што се раштркани низ гратчето овозможува прекрасен поглед на посетителите. Историскиот дел на градот е заштитен од Унеско. Градот е познат и по тесните средновековни улички од каде што има поглед на околните лозови насади.

Тоскана

San gimignano

4. Chianti

Ова е регионот што се протега помеѓу Фиренца и Сиена. Познат е по производството на познатото вино Кјанти. Посетителите тука може да уживаат повторно во уникатен пејзаж, зелени ридови, лозови и маслинови насади. Кјанти е омилениот регион за љубителите на храната и релаксирачки одмор. Регионот е совршен за прошетка со велосипед.

Chianti

Тоскана

5. Montepulciano

Гратчето се наоѓа на 600м надморска височина на југот на Тоскана. Богато е со убави ренесансни згради, стари цркви, плоштади и скриени ќошиња. Од селцето ќе може да се воодушевувате на прекрасните панорами на Val d’Orcia и Val di Chiana. И тука исто така се произведува едно од најдобрите вина во Италија.

Montepulciano

Тоскана

***All copyrights belong to their respective owners

Следен пост Патување на Сицилија