Фез е град кој плени со својата убавина, честопати е запоставен од страна на туристите при нивната посета на Мароко, но овој град навистина вреди да се посети. Фез бил првиот главен град на Мароко, Фез е главен кулинарски град во Мароко, Фез ја има најголемата и најстара медина во светот, Фез го има најстариот универзитет, во Фез била отворена и првата психијатриска болница.

Новиот и модерен дел на Фез се преполни со нови интересни градби, палми и трговски центри, а пак стариот дел и медината за момент ќе ве пренесат во некој друг свет, во некое друго минато време каде што сеуште силно се чуствува духот и традицијата на Мароко.

Едноставно изгубете се по тесните улички на медината и истражувајте – мириси, бои, вкусови, луѓе, животни… По овие тесни улички доста често локалците се движат и со нивните магариња и коњи. Насекаде луѓе кои ви се нудат да ве однесат до местото што го барате, се разбира за пари, но доколку сте упорни како мене и имате доста време на располагање не се секирајте, сами ќе го најдете тоа што го барате.

Продавнички за кожа, чевли, храна, на сите страни се продава свежо цеден портокал по цена од околу 20-30 денари за чаша. На пазарот каде што се продава храна ќе видите глави, органи од секакви животни, кокошки кои чекаат да бидат заклани, баклави  и други типични слатки кои што изгледаат навистина примамливо. Локалните жители знаат да бидат навистина нападни и здодевни, но доколку ги игнорирате нема да имате никаков посериозен проблем.

Како да стигнете:

Најдобрата и најекономична варијанта да стигнете до Мароко е со low cost компанијата Ryanair од некој европски град

Скопје – Милано со Wizzair

Милано – Фез со  Ryanair

Што да посетите:

  • Сината порта Bab Boujeloud – најпознатата порта која се наоѓа на влезот на Медината, едната страна е сина, другата страна е зелена

 

Фез
Сината порта
  • Медината – најстарата и најголема медина во светот, заштитена од  Унеско, има 9400 мали улички 
  • Местата каде што се бои кожа – за да стигнете до ова место потребно е да дојдете до некоја од околните продавнички кои што имаат балкони кои излегуваат над кожарите, секако сите ќе ви речат дека треба нешто и да купите бидејќи ви направиле услуга да се качите на нивниот балкон, но верувајте не сте обврзани ништо да купувате ако нејќете. Мирисот и не беше толку неподнослив како што многумина опишуваат, но сепак во рака држевме китка нане за секој случај. Инаку има мала и голема кожара, големата беше во фаза на реновирање.

 

Фез
Кожара
  • Пазарот за кнакната чини околу 100 денари, а доколку сакате да се шарате со кна ќе ви бараат и по 70/100 дихрами, но сепак тоа е цена за туристи, гледајте да се исценкате до 20-30 дихрами затоа што тоа е реалната цена.

 

  • Медреса – исламско училиште каде што се подготвуваат идните муслимански свештеници, забранет влез за немуслимани
  • Универзитетот Al Quaraouiyine – најстариот универзитет, не може да влезете доколку не сте муслимани
  • Бронзениот плоштад – тука ќе видите еден куп на дуќанчиња и локални занаетчии што коваат тепсии и други работи од бронза на самиот плоштад

 

  • Воден часовник – часовник кој работи на вода, до самиот часовник се наоѓа и истоимен кафич, дефинитивно вреди да испиете кафе или чајче, кафичот е на неколку ката и уреден во традиционален стил, навистина вреди да се посети.
  • Кралската палата – малку надвор од градот, но сепак станува збор за приватен објект и не е можно да се влезе внатре. Поради недостиг на време не успеавме да отидеме и да ја видиме однадвор, но сепак некои луѓе ни кажаа дека и сликањето однадвор е забрането
  • Италијанска фондација Ducci – местово го најдовме сосема случајно бидејќи беше веднаш до нашиот ријад. Станува збор за италијанска фондација која што функционира како ресторан и место каде што многу често се одржуваат разни настани, како изложби и концерти. Традиционално и стилски уредено место, со огромен базен на средината а во позадина се слуша опера.


Што да јадете:

  • bastilla – станува збор за пита која што се прави од кушетка од млади гулаби, но многу често се користи пилешко месо, а може да се користи и риба, оваа пита се служи како предјадење
  • кускус – има разни видови на кус кус, вегетаријански, пилешки итн
  • јагнешко со карамелизирано овошје
  • пилешко со лимон
  • разни видови на леб, навистина вкусен леб
  • мароканска салата – домати, краставица и зелена пиперка

 

Што да си купите:

  • кожна ташна, јакна, каиш – мора да се ценкате затоа што цените се тродупли од нормалните
  • зачини
  • ќерамичи чинии, украси
  • шарени ќилимчиња
  • интересни ламби

 

Каде да спиете:

Дефинитивно одлучете се за еден од многуте риади. Риад е традиционална мароканска куќа, и многу често овие риади се претворени во хотели. Имаат голем внатрешен двор со мозаици и фонтани. Собите се со високи тавани и обично имаат големи панорамски тераси на кровот. Во Фез најголем дел од риадите си го задржале својот првобитен изглед и затоа во многу од нив нема модерни базени и фонтани, останати се токму такви како што биле на времето.

Моја препорака е Riad Yamanda – персоналот е секогаш на ваше располагање, собите се големи и чисти, на одлична позиција и лесно се наоѓа, сместен во самата медината, веднаш до плоштадот Batha од каде што може да фатите такси или бус за да се движите во друг дел од градот. Риадот располага со 9 соби и одлична панорамска тераса, поглед на целата медина. Вкусен доручек со маслинки, мед, мармалад, разни видови на пецива, кафе и чај.