Што прво ви паѓа на памет кога ќе ви кажат Италија? Знам дека е храна! Мене кога ќе ми кажат Сицилија помислата на храна ми се множи со два 🙂
Сицилијанската храна е нешто навистина неописливо. Генерално во цела Јужна Италија храната е нешто посебно, станува збор за голема традиција и кулинарска култура. Сицилија изобилува со традиционални јадења и специјалитети.
Мојот омилен дел се слатките работи и во тој поглед мислам дека Сицилија ги има најубавите слатки работи. Замислете на свадбите имаат огромни маси наредени со секакви слатки традиционални работи, а да не правиме муабет за сладоледот од фстак и канолите.
Во прилог може да ја прочитата листата на топ 10 сицилијански јадења кои не смеете да ги пропуштите.
1.Arancini
Поховани пржени оризови топчиња. Тие обично се полнети со рагу (сос од месо и домат), моцарела и грашок. Постојат голем број на регионални варијанти кои се разликуваат во филот и обликот. Името доаѓа од нивната форма и боја, која потсетува на портокал, и всушнот зборот arancini на италијански значи мал портокал. Во источна Сицилија (особено во Катанија), аранчини имаат конусна форма.
Arancini2. Cannoli
Cannoli се типичен сицилијански десерт, тие имаат облик на цевка и обично се полнат со рикота.
Cannoli3. Pasta alla norma
Потеклото на овој рецепт е од Катанија, тестенините се прават со сос од домати, маслиново масло, модри патлиџани, босилек, сол и рикотa.
Pasta alla norma4. Gelato di pistacchio
Сладолед од сицилијански фстаци, мојот омилен.
gelato di pistacchio5. Le pannele
Сицилијански прженици направени од брашно од наут. Тие се популарна сицилијанска улична храна во Палермо и често се јадат со леб како сендвич.
Le pannele6. La granita di pistacchio
Granita е полу-замрзнат десерт направен од шеќер, вода и разни ароми. Гранита можете да најдете насекаде во Италија, но потеклото е од Сицилија.
La granita di pistacchio7. Il pizzolo
Il pizzolo е типичен специјалитет од Сиракуза. Се состои од две пици ставени една врз друга, зачинети со масло, оригано, бибер, пармезан, сол и полнети со различни состојки, солени (со месо, зеленчук, сирење или салама) или слатки (со крем од фстак или чоколаден крем)
Il pizzolo8. Panino con la milza (сендвич со слезина)
Сендвичот со слезина е популарна улична храна во Палермо, тоа е сендвич направен со парчиња слезина, рендан кашкавал и рикота.
Panino con la milza9. Lе genovesi
Lе genovesi се колачиња направени од два округли форми од меко тесто во внатрешноста и крцкаво од надвор, полнети се со крем и наросени со шеќер во прав. Највкусни се кога се штотуку извадени од рерна. Најдобро место да ги пробате genovesi е слаткарницата на Maria Grammatico која се наоѓа во Ериче, Трапани.
Le genovesi10. Колачиња со бадем
Разни видови на колачиња направени од смеса од бадем, навистина се вкусни и се топат во уста.
pasta di mandorla